Театар на сенки – Водич за обука и инструкции

Можете да го преземете водичот (достапен само на англиски јазик) со упатства за тоа како да се имплементира театар на сенки овде.

Shadow Theatre – a Training and Instruction Guide

Театарот на сенки беше додаден на листата на нематеријално културно наследство од УНЕСКО во 2018 година, што бара наше максимално внимание.

Театарските друштва кои настапуваат исклучиво со сенки се доста ретки, па затоа беше од големо значење да имаме таков меѓу нашите партнери. Еден од главните фокуси на овој интелектуален исход беше да се едуцира и да се подигне свеста за театарот на сенки како опиплива креативна активност која стасува до широк опсег на публика, вклучувајќи ги и лицата со попреченост од секаков вид.

Самите партнери беа првите кои го поминаа процесот на обука, што им овозможи да го пренесат учењето и вештините на нивните локални обуки. Ова доведе до серија локални настапи кои вклучуваа поширока мрежа на учесници со различни профили. Конечно, новоформираните тимови ги здружија своите креативни сили за да работат на интернационален заеднички настап за време на последната конференција во Печ.

Активностите на театарот на сенки се одвиваа на различни нивоа, вметнувајќи ги нашите проектни активности вертикално и хоризонтално. На веќе воспоставените модели и методи гледавме низ призмата на театарот на сенки како интегративна изведувачка уметност.

За проектот  е важнп што театарот на сенки е ново средство за изразување покрај зборовите, сликите, видеата и звуците, и како оваа нова перспектива е инклузивна во неговото јадро. Темите за театар на сенки исто така беа интегрирани во курсот за обука како сеопфатен модул за да се укаже дека уметноста не познава граници и секој може да биде изведувач.