За нас
Зошто овој проект?
Ковид пандемијата е едно од најшокантните светски случувања во последно време на глобално ниво, но сепак научивме многу од неа: најважна е соработката и заедничките сили. Постојат одредени општествени групи кои се многу посериозно погодени од кризата. Ним им треба помош пред сè. Самото име на проектот ARTcoWORKers кажува доста: четири земји РАБОТАТ заедно за да им помогнат на лицата со попречености, користејќи еден од најчесто разбирливите и употребливи јазици, УМЕТНОСТА. Во меѓувреме, се сензибилизираме за социјалната вклученост и покажуваме нов начин за уметниците, културните и креативните индустрии кои се исто така силно погодени од Ковид пандемијата, давајќи им вештини на лицата со попречености да најдат креативни и иновативни решенија против ризикот од исклучување и изолација.
Проектот ќе произведе четири основни резултати: Методологијата ARTcoWORKers, Наставна програма и курс ARTcoWORKers за лица со попреченост, потоа ARTcoWORKers изведбени уметности – 6 театарски претстави со сенки, како и Дигиталната платформа ARTcoWORKers. Нашата цел со сето ова е овозможување на пристап до едуктавини можности кај возрасните лица, особено до дигитално учење, користење на уметноста и театарската игра како алатка за самопретставување кај лицата со попречености, подобро информирање на јавноста и носителите на одлуки за правата на лицата со попреченост, како и нови бизниси и работни можности во уметноста, културата и креативната индустрија.
Кој стои зад проектот? ArtCoWorkers е меѓународен проект од Германија, Унгарија, Холандија и Македонија.
Роџер Шмитхен, проектен координатор и претседател на здружението VSBI од Ерфурт, ги запознава партнерите и нивните задачи во проектот.